Тренерот на Лече со глава удри играч на Верона (Видео)

По завршувањето на дуелот помеѓу Лече и Верона кој заврши со победа на гостите од 1-0, се случи немил настан.

Тренерот на Лече, Роберто Даверса, со глава го удри фудбалерот на Верона, Томас Анри. Французинот Анри по завршувањето на мечот им приговараше на судиите, а Даверса сакаше да го „воспита“ и го закачи со глава.

Двајцата добија црвени картони.

„Немаше потреба да бидеме исклучени, мечот веќе беше завршен. Анри и јас дојдовме во контакт со гест кој секако не беше убав за гледање. Не влегов на терен да удрам играч со глава, туку да се осигурам дека моите играчи нема да добијат црвен картон. Мојата намера не беше да го удрам Анри, се извинувам за гестот, јас сум тренер и татко на три деца“, рече Даверса.

- Оглас -

Најнови вести