Тренерот на Лестер не сака да биде наследник на Мурињо

По отказот на Жозе Мурињо, управата на Тотенхем тргна во мисија да најде негов достоен наследник, а во меѓувреме неискусниот Рајан Мејсон ќе ја извршува должноста на привремен тренер на екипата од Северен Лондон.

Првиот кандидат на Петлите, Брендан Роџерс, кој сосема успешно си ја извршува задачата на кормилото на Лестер одби да биде следниот менаџер на Тотенхем. Роџерс не планира да им забие нож во грб на Лисиците.

„Имам одлична врска со управата и играчите, така што не ми е во план да ја прекинам соработката со Лестер. Тотенхем е голем клуб со големи амбиции, меѓутоа нашиот проект во Лестер е далеку од завршен. Фудбал е ова, шпекулации секогаш ќе има, но јас останувам таму каде што сум сега“, истакна Роџерс за англиските медиуми.

Поранешниот менаџер на Свонси, Ливерпул и Селтик од февруари 2019 година работи во Лестер, а пред неколку дена ја одведе екипата до првото финале во ФА купот по 52 години пауза, во кое на 15 мај против Челзи ќе се бори за трофејот во најстарото фудбалско натперварување.

- Оглас -

Најнови вести