Тренерот на Лестер се чуди во кое натпреварување сега ќе игра неговиот тим

Наполи со 3:2 го победи Лестер во директен дуел на две екипи кои се бореа за влез во нокаут фазата од Лигата на Европа. Италијанскиот тим ќе игра во второто по ранг натпреварување на УЕФА, додека Лестер ја доби „утешната награда“, а тоа е пласман во Конференциската лига.

„Мислам дека одигравме многу наивно и затоа загубивме. Сега продолжуваме во Конференциската лига. Што е тоа Конференциска лига? Со достојна почит кон тоа натпреварување, но немам поим што е тоа. Ние бевме фокусирани само на Лигата на Европа, каде сакавме да завршиме први во групата, но ете што се случи“, рече Роџерс.

Лестер сега ќе се фокусира на мечевите во Премиер лигата, каде веќе в недела го чека следниот предизвик и тоа на свој терен против Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести