Тренерот на Лудогорец „го глумеше“ Мурињо, сега му се заканува жестока казна

Бугарскиот првак Лудогорец испадна од квалификациите во Лигата на шампионите откако со вкупни 6:3 беше елиминиран од Динамо Загреб. Тренерот на Лудогорец, Анте Шимунџа, беше незадоволен од судењето, па во еден момент на дуелот на „Максимир“ покажа како да му се врзани рацете, што е симбол за корумпирани судии.

Вакви гестикувации пред 10-тина години правеше Жозе Мурињо, кој тогаш беше казнет од 40.000 евра и три меча суспензија. Најавите се дека и словенечкиот стратег на клупата на Лудогорец сега ќе заработи жестока казна.

- Оглас -

Најнови вести