Тренерот на Њукасл во одбрана на Тонали: „Не треба дополнително да го казнувате“

Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали, се соочува со нова казна, бидејќи продолжил да се обложува, иако веќе е суспендиран на 10 месеци. Фудбалскиот сојуз на Англија покрена постапка против него за 50 облози, а меѓу нив е и оној дека ќе добие жолт картон на дуелот помеѓу неговиот Њукасл и Астон вила.

Во одбрана на фудбалерот застана тренерот на Њукасл, Еди Хов, кој вели дека Тонали не треба да биде дополнително казнет.

„Тонали доволно страдаше. Тој има проблем и треба да му се помогне, а не дополнително да биде казнет. Во овој случај со казните ништо не може да се реши.“ – вели Хов.

Тонали заработи суспензија поради нелегално обложување додека уште беше фудбалер на Милан, а летово нема да настапи ниту за репрезентацијата на Италија на Европското првенство во Германија.

- Оглас -

Најнови вести