Тренерот на Реал треба да има повеќе титули и пари од играчите

Хорхе Солари, чичкото на Сантијаго Солари, ја поздрави одлуката на Реал Мадрид да му даде договор на неговиот внук до летото 2021 година и објасни зошто мисли дека Аргентинецот е вистинскиот човек за преземање на тренерската функција во најтрофејниот европски клуб.

„Ние сме фудбалско семејство, сите се радуваме што Сантијаго е именуван за тренер на Реал Мадрид. Ова е голема можност за него, се надевам дека ќе има среќа. Работата во Реал е тешка, затоа треба добро да биде платен“, се пошегува Хорхе, кој во 60-тите и 70-тите играл за некои од најголемите аргентински клубови, како Ривер, Њуелс, Естудијантес, Велес, а и таткото на Сантијаго, Едуардо, бил фудбалер.

Чичкото на Солари смета дека не може секој да биде тренер на Реал.

„Таму мора да имате тренер кој има повеќе титули од играчите и да заработува повеќе од нив, инаку нема да успее да наметне авторитет. Има играчи кои земаат многу пари и кои оствариле многу во кариерите“, вели Хорхе Солари, кој е во роднински врски и со Фернандо Редондо, кој остави длабока трага во Реал Мадрид во 90-тите.

- Оглас -

Најнови вести