Тренерот на Салернитана со скандалозна изјава дополнително стави „сол на рана“ за Јувентус

Тренерот на Салернитана Давиде Никол одби да ја погледне повторената снимка од спорната ситуација на дуелот против Јувентус и изјави дека верува на ВАР системот, кој го поништи погодокот на Старата дама во 90+5 минута кој ќе донесеше триумф на домаќините во Торино. Никол изјави дека е задоволен што судиите покажале моќ да не потклекнат под ничиј притисок и дека е донесена вистинската одлука за поништување на погодокот на Милик и тоа поради офсајд на Бонучи.

„Многу сум задоволен како одигравме вечерва и резултатот кој го остваривме. ВАР им покажа на судиите дека треба да имаат кредибилитет и да не попуштаат под кој било притисок за да ја донесат вистинската одлука. Среќен сум поради тоа. Кога играчот го направи тоа движење со главата покажа дека има намера да ја удри топката и на сите им беше јасно дека тоа е офсајд. За мене тука нема ништо спорно“, ијави Никол на прес конференцијата по мечот.

Иако на Никол му нудеа веднаш да ја види снимката од спорната ситуација, па да коментира дали ВАР донел исправна одлука, тој одби, со едноставно објаснување дека му верува на ВАР системот.

Што точно се случуваше на овој меч и како изгледаше спорниот погодок, може да погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести