Тренерот на Севилја има леукемија, но ќе продолжи да работи

Тренерот на Севилја, Хоакин Капарос, вчера ги шокираше сите со својата изјава по триумфот над Валјадолид (0-2). Капарос истакна дека боледува од хронична леукемија, но и дека ќе продолжи со својата обврска кон клубот бидејќи се работи за ран стадиум и не е потребно лекување.

Севилја како да е проколната, бидејќи не е првпат нејзин тренер да се соочува со канцер. Во ноември 2017 година на поранешниот предвоник на овој тим, Едуардо Берико, му беше дијагностициран рак на простата, а еден месец по успешната операција и закрепнувањето, Севилја му врачи отказ, но тоа нема да се случи и со Капарос.

„Се работи за рак во рана фаза, така што не е потребно лекување и посебни третмани. Можам да функционирам нормално, а ќе продолжам да ги извршувам обврските во Севилја, сакам да уживам во работата. Би замолил сите да останат мирни, нема потреба за паника, сепак, ви благодарам на поддршката“, изјави 63-годишниот стратег, кој беше во присуство на претседателот и спортскиот директор на Севилја.

Капарос во менаџерската кариера бил тренер на неколку шпански екипи, како Вилјареал, Атлетик Билбао, Депортиво Ла Коруња, Мајорка, Леванте, Гранада, а по вторпат седна на клупата на Севилја заменувајќи го Пабло Мачин речиси пред еден месец.

 

- Оглас -

Најнови вести