Тренерот на Торино му се закани на колегата од Фиорентина дека ќе му го пресече грлото, а по мечот го гушкаше и му се извини

Тренерот на Торино, Иван Јуриќ заработи црвен картон на синоќешниот дуел против Фиорентина во Серија А (0:0), а притоа му се закануваше на тренерот на Виолетовите дека ќе му го пресече грлото.

Јуриќ полуде поради поништениот гол и црвен картон за Торино, и во еден момент од расправијата со Винченцо Италијано му гестикулираше дека ќе му го пресеч грлото. Но, по натпреварот, Јуриќ му се извини на Италијано и го праша дали може да се прегрнат пред камерите.

„Бев многу лош кон Винченцо. Претерав и морам да се извинам“, порача Јуриќ, а Италијано кратко додаде:

„Се надевам дека слика ќе биде долго во медиумите, ова треба да биде пример за другите.

 

- Оглас -

Најнови вести