Тренерот најави пораз на својот тим, коефициентот во Sport Life е одличен

Тренерот на Торино, Иван Јуриќ отворено призна дека е разочаран со клупската политика на клубот да не купува адекватни засилувања и изрази револт пред денешното гостување во Фиренца, кај Фиорентина.

Јуриќ побегна од слична ситуација, од Верона, каде постојано беа продавани најдобрите играчи пред стартот на сезоната, а сега се најде во исто опкружување, како што самиот вели.

„Торино двапати во последните две сезони едвај се спаси од испаѓање и кога ми беше понудено да бидам тренер, очекував пресврт. Сега ми соопштија дека мора да штедиме и да ги намалиме трошоците. Знам дека во услови на пандемија е тешко, загубени се многу пари, но не знаев дека до толку ќе се штеди. Непријатно сум изненаден и тоа не ми беше соопштено при моето доаѓање, но сега имам уште поголем мотив да направиме добри работи со екипата што ја имаме“, изјави Јуриќ.

Фиорентина нема пораз од Торино на „Артемио Франки“ од 2008 година, па и традицијата и шокантното признание на Јуриќ за состојбата во Торино се голем адут на Виолетовите за победа денеска.

Коефициентот за триумф на Фиорентина е 2.25 во Sport Life, а мечот ќе се игра од 20,45 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести