Тренерот роден во Струмица бегаше од навивачите на неговиот тим во Чемпионшип (Видео)

Тренерот Вељко Пауновиќ е под голем притисок во екипата на Ридинг во англискиот Чемпионшип. Ридинг во саботата загуби на свој терен од Ковентри со 2:3, со што само се продлабочи кризата во клубот.

За Ридинг ова е осми пораз по ред во сите натпреварувања, а во последните 11 дуели има девет порази и само две нерешени. По завршување на мечот, навивачите на Ридинг беа гневни на тренерот Пауновиќ.

„Го сакаме нашиот Ридинг назад, сакаме Паун да си оди“, пееја навивачите.

Српскиот стратег, кој е роден во Струмица, влезе во вербална расправија со дел од фановите, кои гневни успеаја да влезат на теренот и тргнаа кон Пауновиќ. Тренерот на Ридинг веднаш избега кон соблекувалната, а обезбедувањето не дозволи навивачите да тргнат кон него.

- Оглас -

Најнови вести