Тренерска бомба, се враќа Хорхе Сампаоли

Аргентинскиот стратег Хорхе Сампаоли е прва цел на управата на Севлја, која сè посериозно размислува да му врачи отказ на Хулен Лопетеги. Севилја има очаен старт сезонава, оствари само една победа во сите натпреварувања и се наоѓа на 17.-татапозиција на табелата во Ла Лига со пет бода, додека во Лигата на шампионите во првите две кола освои само еден бод.

Шпанските медиуми пишуваат дека управата на Севилја и Сампаоли постигнале начелен договор за соработка и наскоро Аргентинецот по вторпат би можело да седне на клупата на шпанскиот тим.

Сампаоли ја предводеше Севилја во сезоната 2016/17 и го освои четвртото место со 72 бода, а притоа успеа да стави крај на серијата на Реал Мадрид од 40 натпревари без пораз. Сепак, не можеше да ја одбие понудата да ја предводи Аргентина на Светското првенство во Русија 2018 година и по една сезона си замина од шпанскиот тим.

Сампаоли потоа ги водеше Сантос, Атлетико Минеиро, а минатата сезона ја предводеше екипата на Олимпик Марсеј и оттогаш е без тренерски ангажман. Неговиот најголем успех е триумфот на Копа Америка во 2015 година, но со репрезентацијата на Чиле.

- Оглас -

Најнови вести