Тренерска лудница во Италија: И Сари се враќа во Калчото

Интер, Јувентус, Наполи, Рома, Лацио, Фиорентина, Сасуоло, Торино се клубовите кои во следната сезона во Серија А ќе влезат со нови тренери. Иако стигна до шампионската титула, Интер ја раскина соработката со Конте и го доведе Симоне Инѕаги од Лацио. Масимилијано Алегри се врати во Јувентус на местото на Андреа Пирло, додека Жозе Мурињо е нов тренер на Рома. Лучијано Спалети се договори со Наполи на местото на Џенаро Гатузо, кој замина во Фиорентина.

Последната тренерска „бомба“ е враќањето на Маурицио Сари во Серија А, и тоа на клупата на Лацио. Новинарот Николо Скира, кој одлично ги познава работите во Лацио, вечерва потврди дека Сари е на чекор од договор со небесносините. Соработката треба да биде потпишана на две години, со можност за продолжување на уште една сезона.

Сари минатата сезона не работеше никаде, но добиваше плата од Јувентус, па затоа и не форсираше да најде нов клуб. Искусниот Сари веќе 30 години е во тренерската работа и досега бил на чело дури на 20 различни клубови.

 

- Оглас -

Најнови вести