Трет пораз во четири кола, Лампард е лут: Проблемот не е во тактиката…

Челзи го претрпе третиот последователен гостински пораз во Премиер лигата, односно испушти бодови по третпат во последните четири кола, па нормално е менаџерот Френк Лампард да не биде задоволен од својата екипа.

Тој презеде одговорност за новото разочарување, но посочи дека проблемот вчера не беше во тактиката, туку во желбата на неговите играчи да се надигруваат против лутите соседи.

„Апсолутно недоволно добро, ниту во првото, а ниту во второто полувреме. Играчите добија јасни инструкции, ова беше опасен натпревар во кој бевме свесни дека можеме лесно да го загубиме. Едноставно не заслуживме среќа според она што го прикажавме на теренот. Јас ја преземам одговорноста за сè што се случува во тимот, но играчите се тие кои мораа да покажат желба за надигрување, а тие на теренот покажаа 60-70% од нивото на кое може да играат. Секако дека сум лут и разочаран, бидејќи сакам да победувам во вакви натпревари, а имавме и шанса за подвиг на табелата. Знам дека проблемот не беше во тактиката, туку во трчањето и жртвувањето за позитивен резултат“, истакна Лампард,

Сините потфрлија во уште една пресметка против еден од големите ривали, откако претходно сезонава загубија и од шампионот Ливерпул, додека против Манчестер јунајтед и Тотенхем ремизираше. Челзи моментално е на седмата позиција на табелата со 25 бода по 15 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести