Трет пораз за одбојкарите во квалификациите за ЕП

Македонија загуби со 3-1 (25-19, 28-26, 23-25, 25-23) во сетови против Украина на гостувањето во Запорожје, во петтиот меч од квалификациите за Европско првенство. Нашата селекција го запиша третиот пораз во квалификациската група Ф, односно втор пораз од украинската репрезентација, откако претходно во Скопје преку пресврт славеа со 3-2.

Домаќините лесно дојдоа до предност од 1-0 во првиот сет, додека нашите одбојкари дадоа повеќе отпор во вториот сет, но Украинците и покрај тоа поведоа со 2-0. Многу подобра игра избраниците на Матијашевиќ покажаа во третиот сет, кој го освоија со 25-23 за намалување на негативата, за потоа Украина со идентичен резултат да ја заврши работата за конечни 3-1 во сетови.

Сега Македонија има еден услов за да обезбеди пласман на ЕП. Убедлива победа над Унгарија на домашен терен во три сета, на мечот кој ќе се игра на деветти јануари.

- Оглас -

Најнови вести