Трета среќа за Англичанките, преку Австралија до финалето на СП (Видео)

Женската фудбалската репрезентација на Аглија ќе игра против Шпанија во финалето на Светското првенство кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд.

Англичанките до мечот за титулата дојдоа по триумфот од 3:1 во второто полуфинале против Австралија.

Со денешниот триумф, Англичанките конечно обезбедија пласман во финалето откако на претходните две СП губеа во полуфиналето.

Победата ја најави Тун со голот во 36-тата минута.

Но, Австралијките носени од навивачите на трибините, успеаја да дојдат до израмнување преку Кер во 63-тата минута. Осум минути подоцна, Хемп ѝ носи ново водство на Англија, а пласманот во финалето го завери Русо со голот во финишот.

Финалето меѓу Англија и Шпанија ќе се игра за четири дена на Олимпискиот стадион во Сиднеј.

- Оглас -

Најнови вести