Трета среќа за Хјустон против Минесота

Хјустон рокитс – Минесота тимбервулвс (02 часот)

Ракетите сезонава не можат да издвојат позитивен резултат во дуелите против Минестота. Двете средби ги загубија убедливо, па сега сметаат дека третата овосезонска пресметка ќе биде среќна за нив.

Мотив за победа треба да им биде формата, Хјустон загуби само еден меч од последните 11 кои ги одиграа, тој пораз беше од шампионот Голден стејт. Минесто пак, во изминатиов период не игра на потребното ниво и со секој изминат натпревар шансите за плеј-оф им се сѐ помали.

Предлог тип: 1 хен -7.50 (1.87)

 

ЛА клиперс – Бруклин нетс (02 часот)

Две екипи кои се борат да обезбедат плеј-оф во своите конференции. Засега добро им оди, Клиперс се осми на Западот по 70 одиграни натпревари, додека Бруклин е едно место погоре во Источната конференција, со учинок од 36-35.

Клиперси се сметаат за фаворити во овој дуел, особено што само еднаш загубиле од Бруклин во последните седум меѓусебни средби. Сезонава се пресметаа само еднаш, Клиперс славеа со 127:119 како гости, па сега имаат намера да издвојат двојна победа.

Предлог тип: 1 & <231.5 (2.70)

 

Питсбург пингвинс – Филаделфија флаерс (00:30 часот)

Питсбург речиси сигурно ќе игра разигрувања, што не е таков случајот за Филаделфија. Последната меѓусебна средба овие две екипи ја одиграа кон крајот на февруари, Флаерс во продолженија славеа со 4-3, додека во претходните седум меча секогаш радувал гостинскиот тим.

Пингвините имаат намера да се реваншираат, па така ќе треба да ја оправдаат фаворитската улога.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

Анахејм дакс – Флорида пантерс (02 часот)

Сезона за заборав имаат двете екипи. Анахејм е претпоследниот тим во Западната конференција, додека Флорира има за нијанса подобар учинок на Истокот. Во последно време формата на Пантерс оди во нагорна линија, па сега ќе се обидат да ја продолжат серијата победи на пет меча, додека ќе сакаат да се реваншираат за поразот во ноември кој им го нанесе Анахејм пред нивна публика. Впрочем, „патките“ последните две меѓусебни средби ги доби со идентичен резултат од 3-2.

Предлог тип: >5.50 (1.85)

 

Вегас голден најтс – Едмонтон ојлерс (03 часот)

Вицешампионот е многу блиску до осигурување на место во плеј-офот, додека „нафташите“ го губат чекорот во Пацифик дивизијата. Поразот од Калгари пред една седмица беше прв за Вегас по шест последователни победи, па сега имаат намера да се вратат во победнички ритам. Турбулентна е формата на Едмонтон овој месец, но интересно е што подобро играат надвор од дома, отколку пред своја публика.

Сметајќи ги последните пет меѓусебни средби, Едмонтон има подобар биланс со 3-2, но Златните витези во овој меч се фаворити на хартија

Предлог тип: 1 & 5+ (2.03)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести