Три блескави минути за Барселона за три нови бодови за каталонците

Барселона продолжува со убедливата игра и победите во шпанското првенство, откако вечерва со 2:0 славеше над Кадиз, во меч од 22. коло. Со овој триумф Барселона стигна до 59 бодови и е лидер на табелата со осум бода повеќе од второпласираниот Реал Мадрид. Реал Сосиедад кој е трет на табелата веќе заостанува 16 бодови и нема шанси да се бори во трката за титулата.

Серџи Роберто во 43 минута погоди за радост на „Камп Ноу“, а во 45 минута гол за домаќините постигна и Роберт Левандовски за 2:0. Токму овие три минути фуриозна игра на Барселона, беа доволно за нови три бода на лидерот на табелата.

Барселона сезонава на свој терен има девет победи и две нерешени без пораз, а во овие 11 средби прими само еден гол.

- Оглас -

Најнови вести