Три до четири недели пауза за Дембеле

Барселона потврди дека Усман Дембеле заработи повреда на бутниот мускул од левата нога во вчерашниот дуел против Лион. По денешните медицински прегледи, утврдено е дека Французинот ќе мора да паузира од три до четири недели.

Дембеле ги одигра последните 20 минути од средбата на „Камп ноу“ и успеа да се запише во листата на стрелците постигнувајќи го петтиот гол против „лавовите“, што за него беше вкупно 14-ти во сите натпреварувања сезонава, односно трет гол во Лигата на шампионите.

Тој секако не беше во можност да ги одигра сите 90 минути, по што Валверде се одлучи да му даде шанса на Кутињо од првата минута. Знаејќи за рикизот, Дембеле сепак настапи, што само ги влоши работите.

 

- Оглас -

Најнови вести