Три екипи го сакаат Ериксен, но тој знае како да му се заблагодари на клубот што му даде шанса

Кристијан Ериксен се врати на фудбалот, откако минатото лето доживеа срцев удар на ЕП. Тој од јануари е член на екипата на Брентфорд, каде што игра навистина одлично.

Првичната соработка истекува на крајот од наредниот месец, а тоа се обидуват да го искористат три клубови од најсилните европски лиги. Станува збор за Манчестер јунајтед, Евертон и Атлетико Мадрид.

Но, според информациите од Англија, Ериксен наводно му соопштил на неговиот агент за да се започне преговори за продолжување на соработката со Брентфорд, клуб кој што му даде шанса во јануари да игра, кога речиси никој од останатите клубови не беше заинтересиран за ангажман.

Данецот на 11 натпревари забележа 1 погодок и четири асистенции во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести