Тројца голмани немаше да го одбранат овој шут (Видео)

Алуминиј и Марибор ремизираа 3:3 во меч од 26-тото коло во фудбалското првенство на Словенија. Марибор водеше со 2:0, но домаќините не само што не се предадоа, туку успеаја да направат комплетен пресврт и поведоа со 3:2. Сепак, Марибор се спаси од пораз со погодок во 91-вата минута и на крајот дуелот заврши 3:3.

Од шесте погодоци постигнати на овој меч, посебно атрактивен беше тој на Мартин Сролер. Хрватскиот интернационалец со шут од слободен удар даде спектакуларен погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести