Три мундијалски Специјали со три големи ѕвезди, топ-тикет во Sport Life е Меси, Мбапе и Левандовски да дадат гол (Фото)

Уште три Специјали подготви Sport Life за мундијалските натпревари што ќе се играат денеска, откако тој за мечот меѓу Тунис и Австралија помина, бидејќи се играше од 11 часот.

Топ-комбинација може да биде тикет со облог дека Лионел Меси, Килијан Мбапе и Роберт Левандовски, тројца врвни стрелци ќе дадат гол.

Заедно на ист тикет во Sport Life ова трио со погодоци може да ви направи коефициент од 8.05, односно вашиот влог би се помножил со оваа квота.

За првиот следен меч меѓу Полска и Саудиска Арабија главен фаворит за прв стрелец е токму Левандовски, а ако тој погоди прв, тогаш добивата убава квота од 3.20.

Во богатата понуда на Sport Life имате можност да си одберете стрелец од уште 14 фудбалери од двете репрезентации.

Стандардно и за овој меч има широка лепеза од специјални игри, меѓу кои се кој ќе го изведе почетниот удар, кој прв ќе направи замена, број на корнери, картони, дали ќе има црвен картон, пенал, начин на кој ќе биде постигнат првиот гол, интервал во кој ќе падне првиот погодок и уште многу нестандардни игри, сега достапни со мунсијалските Специјали на Sport Life.

Франција и Данска денеска го играат европското дерби во Катар, а актуелните светски прваци се фаворити, но Викинзите на последните три официјални натпревари немаат пораз од Триколорите и ниту еднаш не се поразени од нив во овој милениум на натпревар што не е пријателски.

И тука богата е понудата со Специјалниот сингл на Sport Life и можете да си одберете прв стрелец, или кој ќе погоди во текот на мечот, а главен фаворит е Килијан Мбапе.

Добар избор може да биде и Оливие Жиру, кој веќе даде два гола во првото коло против Австралија, а опасни кај Французите се и Гризман,Турам, Дембеле, Коман, Дембеле…

Дабците го чекаат првиот гол на овој Мундијал, а ако верувате дека традицијата на непобедливост во овој век против Франција ќе ја продолжат и денеска, тогаш добра опција е да се одигра дека Долберг, Корнелиус, Брајтвајт, Винд, Ериксен… или некој од нив ќе биде стрелец, а квотата не е помала од 4.00, било кој од седдумината Данци што се во понудата ја затресе мрежата на Лорис.

Идентични се игрите што се како продолжение на Специјалниот сингл за овој дуел како и за останатите мечеви, а и тука може да се типува на пример како ќе падне првиот гол, а понудата е:

Удар со нога, Удар со глава, Од слободен удар, Од пенал, Автогол и дека ќе нема гол на мечот. 

Шлагерот на денот е од 20 часот и ќе играат Аргентина и Мексико, во меч на кој ќе Гаучосите како еден од главните фаворити ќе мора да одат на победа.

Мексико не е наивна селекција, а на нив повеќе им одговара реми, отколку на Аргентинците.

Може да се случи Аргентина да биде на прагот на испаѓање веќе по второто коло по групи, ако загуби убедливо од Мексико, а Полска ја победи Саудиска Арабија.

За тоа да не се случи мора со голови за победа да се погрижат Меси, Мартинес, Алварес, Дибала, Ди Марија…

И Мексико има силни адути за голови, па и подвиг, а топ адут е Гомес, па соиграчот на Елиф Елмас, Ирвинг Лозано.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести