Три парчиња во мрежата на Лихтенштајн е стандард процедура за Рисовите

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20:45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ја пречекува отпишаната селекцијата во кфалификациската група Ј, Лихтенштајн. Рисовите се големи фаворити не само според коефициентите во Sport Life, туку и на хартија, како и според резултатите, па затоа триумф е единствена опција за нашиот национален состав.

Ваква шанса за први бодови не смее да се испушти, особено по несреќниот пораз од Романија на стартот од квалификациите во кој Македонија се бореше да анулира два гола негатива, но загуби здив во финишот и испушти драгоцено реми во Букурешт.

репрезентативците на Лихтештајн досега во четири гостувања во Скопје редовно заминувале поразене, со тоа што сво својата мрежа дозволувале најмалку по три гола. Четири сигурни победи од 4-0, 4-1, 3-0 и 3-1 се гаранција дека и вечера македонските фудбалери ќе го полнат голот на аутсајдерот, со цел да се одржи билансот од веќе шест меча без пораз на домашен терен, во кои Македонија оствари пет победи и едно реми.

Во вкупно девет меѓусебни средби, Македонија само во 2002 година не се радувала на победа против Лихтенштајн, а се паметат и рекордните 11-1 од квалификациите за СП во 1996 година.

Од септември минатата година, Лихтенштајн бележи само две победи во вкупно седум меча, а моментално е во црна серија од три порази и две ремија, што само може да позитивно да влијае врз самодовербата на нашите фудбалери кои ќе имаат 90 минути да докажат зошто се подобри.

Ангеловски планира да ротира со стартните 11 за овој натпревар, односно е можно да тргне со поофанзивна формација со цел рано да се стигне до погодок кој ќе биде важен да се воспостави контрола врз случувањата на теренот.

- Оглас -

Најнови вести