Три плусеви на кошаркари и убедливи победи на Бакси и Портланд

8422 Лука Дончиќ (Далас маверикс – Орландо меџик, 02:30ч)

По слабиот почеток на сезоната, Дончиќ го пронајде ритамот и во епската битка против Денвер покажа зошто е најдобриот млад кошаркар во НБА лигата.

Сега треба да го стори истото и против Магичните од Орландо, кои се во турбулентна форма, а воедно загубија на квалитет по тешката повреда на Фулц.

Предлог тип: Дончиќ >30,5 поени (1.75)

 

8385 Џими Батлер (Вашингтон визардс – Мајами хит, 01ч)

Батлер не би требало да има проблеми да постигне повеќе од 21 поен поради фактот што Вашингтон е меѓу најслабите дефанзивни екипи во НБА.

Џими во претходните четири меча против Визардс само еднаш не успеа да постиген повеќе од дадената граница, што е причина плус да му се даде доверба на ѕвездата на Мајами за вечерва да има ефикасен настап.

Предлог тип: Батлер >20,5 поени (1.90)

 

8352 Треј Јанг (Шарлот хорнетс – Атланта хокс, 01ч)

Јанг како расен поентер ќе биде преголем залак за новакот Ламело Бол, како играч кој ќе има задача да ја чува младата ѕвезда на Атланта.

Од него ќе зависи дали Атланта ќе успее да ја прекине мини-кризата од три порази во низа и воедно да го поправи впечатокот од последната меѓусебна средба против Шарлот од пред два дена, во која Јанг постигна скромни 9 поени.

Предлог тип: Јанг >26,5 поени (1.80)

 

8497 Милвоки бакс – Кливленд кавалирс (02ч)

Јута ноќеска ги шокираше Елените и им го нанесе првиот овосезонски пораз на домашен терен, а тоа е причина плус за да се типува на сигурна победа ноќеска на тимот кој е предводен од МВП-то Јанис Адетокумбо.

Бакси убедливо ги добиваа последните четири средби против екипата од Охајо, а помина повеќе од една година откако последен пат се сретнаа. Иако Кливленд е далеку подобар од ланската сезона, се чини дека не може да му парира на тимот со шампионски амбиции

Предлог тип: 1 двојна (1.57)

 

8502 Сакраменто кингс – Портланд трејлблејзерс (04ч)

Портланд мора да се разигра и да влезе во серија победи со цел да пристапи кон позитивен биланс по девет натпревари во новата сезона. Ослабениот Сакраменто кој знае да изненади, е добар противник за Блејзерси да почнат со нижење позитивни резултати.

Портланд нема победено во Сакраменто од октомври 2019 година, но ноќеска ѕвезденото дуо Лилард – Меколум ќе го намести нишанот за да се прекине постот без победа.

Предлог тип: 2 & >235,5 (2.75) 

- Оглас -

Најнови вести