Тричко го изрешета Олимпијакос на Јаневски

Со двата погодоци на Иван Тричковски, АЕК Ларнака славеше со 2-1 против Олимпијакос од Никозија предводен од Чедомир Јаневски.

Мак-триото Тричковски, Мојсов и Спировски се израдуваа на 13-тата победа во кипарскиот шампионат против составот на поранешниот тренер на Вардар и некогашен селектор на Македонија.

Тричко капитенски го предводеше својот состав, па за помалку од половина час ги запиша своите 12-ти и 13-ти лигашки погодоци во сезоната, додека Мојсов имаше несреќен момент откако им помогна на гостите со автогол во 68-та минута.

Екипите на македонските претставници се далеку од битката за места кои водат во квалификациите од европските купови, АЕК е на петтото место во плејоф табелата со 44 бода, додека Олимпијакос има 10 бода помалку на две кола до крајот.

- Оглас -

Најнови вести