Тричковски: Да одиграме како што знаеме за победа против Летонија

Иван Тричковски е во одлична форма и веројатно ќе добие шанса да игра од почеток против Летонија во Рига, утре од 20.45 часот.

Ќе мораме да играме поофанзивно против последнопласираната селекција за да победиме и да останеме во игра за настап на ЕП 2020 година.

„Ги познаваме Летонците, но пред се треба да мислиме на нашата игра. Ако мислиме премногу на нашиот ривал, ќе си ги искомплицираме работите. Очекувам многу и од себе и од сите соиграчи, да дадеме максимум за победа“, изјави Тричковски на редовната прес-конференција пред мечот.

Македонија по пет кола има пет бода и е претпоследна во Г групата, само пред Летонија, селекција што реди само порази.

- Оглас -

Најнови вести