Тричковски не го ферма ни лидерот на кипарската лига

АЕК Ларнака има предност од 1-0 по првото полувреме на гостувањето кај Анортозис, а стрелец на голот за гостите беше македонскиот репрезентативец Иван Тричковски. Анортозис е лидер на табелата во кипарскиот шампионат, но тоа не му значеше ништо на Тричко, кој без никакви комплекси им ја затресе мрежата и му донесе предност на својот тим.

Голот падна во 17-та минута. Тричковски сезонава во кипарската лига има 19 гола на 18 меча, што е во просек повеќе од еден по натпревар. Ако победи АЕК, тоа ќе биде голем плус за нивните амбиции да играат во плејофот.

- Оглас -

Најнови вести