Рјоју Кобајаши дојде и до втората победа на новогодишната турнеја „Четири скокалници“.
Јапонецот на скокалноцата во Гармиш Партенкирхен оствари најдобар резултат од 291.2 поени и за само 0.2 поени или во должина би било 10 сантиметри, заврши пред Маркус Ајншлебихер од Германија.
Во првиот скок Кобајаши оствари должина од 143 метри, додека вториот беше со должина од 135.5.
Интересно е што Ајншлебихер има поголема далечина ако се земат двата скока (141 метри првиот и 143.5 метри вториот скок), но, тој загуби голем дел од поените поради недигурниот доскок во вториот скок.
На третото место заврши 23-годишниот Словенец Ловро Кос кој на своето конто имаше 286 поени.
Третата скокалница ќе биде во Инзбург, Австрија а во зависност од временските услови ќе се одржи на трети или четврти јануари.