Тринаесет години од холивудската завршница на Ла Лига, историјата се смени за 39 секунди (Видео)

Легендата на Еспањол, Раул Тамудо, на 9 јуни 2007 година стана омилен фудбалер на навивачите на Реал Мадрид и Еспањол, а од тој ден во Барселона не можеа да го смислат. Причината е што тој со еден негов погодок не дозволи Барса да ја освои титулата во супердраматичната сезона 2006/07. Сезона која во Шпанија се памети по голот на Тамудо и со кој му помогна на Реал дојде до титулата.

Во претпоследното коло, Реал и Барса имаа еднаков број бодови, но мадриѓаните имаа подобра гол-разлика. Реал гостуваше кај Сарагоса, а Каталонците играа градско дерби со Еспањол.

Работите не тргнаа добро за кандидатите за трофејот, Еспањол со гол на Тамудо поведе на „Камп ноу“, а Диего Милито од пенал погоди за водство на Сарагоса. Меси со гол со рака, кој сепак беше признат, изедначи, а потоа даде уште еден гол и Барселона поведе со 2-1. Реал изедначи, но потоа Милито пак погоди и Барселона славеше. Во 89-тата минута Реал губи 1-2, Барса води 2-1, добитна комбинација за Барселона за во последното коло да влезе со бодовна предност и речиси 100 проценти сигурно да стане првак.

Но, тогаш почнува драмата. Руд ван Нистелрој во 89-тата минута изедначува на 2-2 на „Ла Ромареда“ и го враќа Реал во живот, а 39 секунди подоцна Тамудо погодува на „Камп ноу“ на 2-2. Никому во Барселона не му се верува што се случи. Со нерешено на двата тима, Реал останува прв. Средбите завршија 2-2, Реал ја имаше титулата в рака.

Тамудо по мечот изјави: „Не му ја донесов титулата никому, само си ја вршев работата“.

Во последното коло Реал играше дома со Мајорка и победи со 3-1, ја освои титулата, но и тој меч не мина без драми. Мајорка водеше со 1-0 до средината на второто полувреме, но домашните направија пресврт со два гола на сега покојниот Хозе Рејес.

Потсетување како изгледаа незаборавните голови на Ван Нистелрој и Тамудо кои му донесоа радост на Реал, а тага на Барселона:

- Оглас -

Најнови вести