Трипие ќе дојде во Њукасл, но големите ѕвезди не сакаат да бидат во јатото на Чавките

Киран Трипие е најавен како првото значајно засилување за Њукасл во зимскиот преоден рок откако Атлетико Мадрид е согласен да му дозволи на англискиот репрезентативец да се врати во Премиер лигата.

Њукасл бара и спортски директор, но и една или повеќе големи ѕвезди што веднаш би го засилиле тимот што бие битка за опстанок.

Богатите газди од Саудиска Арабија, кои преку Јавниот инвестициски фонд, ПИФ, го купија Њукасл за 300 милиони фунти, се подготвени да го одврзат кесето, но имаат неочекуван проблем.

Никој од позначајните можни засилувања не сака да му се приклучи на јатото на Чавките од Њукасл, а причината е позната, ги чека грчевите битка за опстанок.

Се споменуваа имињата на Душан Влаховиќ, Един Џеко, Марсијал, Пакета…, но засега нема ништо од исполнување на желбите на сопствениците, но и на навивачите на Њукасл.

 

- Оглас -

Најнови вести