Трипиер од Тотенхем се сели во Атлетико Мадрид

Англискиот репрезентативец Киран Трипиер од Тотенхем се сели во Атлетико Мадрид и ќе ја покрие позицијата десен бек, иако прва желба на Јорганџиите беше Семедо од Барселона. Необично е Англичани да играат во Атлетико, па така Трипиер ќе биде првиот од неговата земја кој ќе заигра за тој клуб.

Договорот на 28-годишниот Трипиер веројатно ќе биде официјализиран утре, а тој откако ќе стигне во шпанската престолнина и ќе ги мине лекарските тестови, ќе потпише четиригодишен договор. Трипиер ќе биде прва опција на позицијата десен бек, а резерва ќе му биде Сантијаго Аријас.

Атлетико на Тотенхем ќе му плати 30 милиони евра. Со Трипиер и Марио Ермосо кој, според најавите, ќе дојде од Еспањол, Атлетико ќе ја комплетира својата одбрана со по двајца играчи на секоја позиција.

- Оглас -

Најнови вести