6021 Бодо/Глимт – Тотенхем (21 ч.)
Норвешкиот тим сезонава е најпријатното изненадување во европските купови, а сега е пред последниот чекор за остварување на сонот, а тоа е пласман во финалето. Сепак, тоа ќе биде многу тешко ако се знае дека Тотенхем победи со 3:1 на првиот меч.
Сепак, Бодо/Глимт е познат како тим кој игра офанзивно и без многу калкулации и може да се очекува уште еден натпревар со погодоци на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (1.80)
6022 Манчестер јунајтед – Атлетик Билбао (21 ч.)
Малку веројатно беше тоа што се случи во Билбао кога Манчестер победи со убедливи 3:0. Сега Црвените ѓаволи на свој терен треба да ја сочуваат оваа убедлива предност. Атлетик нема што да калкулира и гостите ќе тргнат во офанзива. Дополнителен мотив за Атлетик е фактот дека финалето во Лигата на Европа ќе се игра на нивен терен.
Манчестер игра многу променливо, па можно е англискиот тим да им приреди нова драма на своите фанови.
Предлог тип: Х2&2-4 (2.95)
6045 Челзи – Ѓургарден (21 ч.)
Челзи покажа доминација и со 4:1 славеше на првиот меч против ривалот од Шведска. За Ѓургарден е сон со самото тоа што е дел од полуфинале на европски куп.
Англискиот тим без многу калкулации и без притисок треба да одигра уште еден доминантен меч, овојпат пред своите навивачи, и да стигне до уште една сигурна победа.
Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.71)
6708 Фиорентина – Бетис (21 ч.)
Ако некаде треба да има драма, тоа ќе биде во Фиренца. Бетис победи со 2:1 на првиот натпревар, а италијанскиот тим сега на свој терен ќе се обиде да се реваншира.
Фиорентина има ранлива одбрана, но Виолетовите се со добар напад. Бетис има четири победи по ред во сите натпреварувања, а вечерва треба да потврдат дека се во одлична форма.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.65)
1011 Бристол сити – Шефилд јунајтед (21 ч.)
Прв меч од полуфиналето во плејофот во англиската Чемпионшип, а двете екипи сонуваат пласман во Премиер лигата. По 46 лигашки дуели, Бристол среќно стигна до седмото место на табелата, последно кое води во овој плејоф.
За разлика од домаќините, Шефилд јунајтед освои дури 90 бода (трето место на табелата), односно 22 повеќе од денешниот ривал. Јасно е дека Шефилд има поквалитетен состав, но тоа треба да го потврди со играта на теренот.
Шефилд јунајтед има пет победи и две ремија во последните седум средби со овој ривал и ниеден меч немал повеќе од три погодоци.
Предлог тип: Х2&0-3 (1.65)