Триумф против актуелниот првак е најдобар начин да се заврши полусезоната

Последното коло од полусезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе биде украсено со големото дерби меѓу лидерот Вардар и актуелниот првак Шкендија. Дуелот кој е закажан за 13 часот и ќе се игра на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, е еднакво важен и за двата ривали.

Вардар е пред тешка задача да стави крај на серијата од 11 меча без триумф против тетовци во сите натпреварувања. Повеќе од две години Црвено-црните мечтаат за позитивен исход против Шкендија, додека Васоски како тренер уште чека славје против големиот ривал во официјален меч.

Шкендија по катастрофалниот старт на сезоната успеа да се консолидира и постепено се врати во трката за шампионската титула. Сепак, разликата во бодови уште е голема, Вардар има 35, Шкендија осум помалку, па затоа за македонскиот првак победа е единствена опција. Настапот против Работнички во Купот пред четири дена е знак дека во редовите на тетовци ќе се почувствува замор, а сето тоа може да оди во прилог на најтрофејниот македонски клуб.

Последни пет меѓусебни дуели (Куп и првенство):

Шкендија – Вардар 1-0

Шкендија – Вардар 0-0

Вардар – Шкендија 2-2

Вардар – Шкендија 0-0

Шкендија – Вардар 1-0

Во истиот термин (13 часот), ќе започнат уште три дуели во 18-тото коло: Ренова – Работнички, Шкупи – Македонија ЃП и Струга ТЛ – Борец.

- Оглас -

Најнови вести