Тркало на (не)среќата во Норвич: Стиперман подобро да платеше казна (видео)

Менаџерот на Норвич сити, Даниел Фарке, ја примени методата на колегата Ралф Рангник (тренер на Лајпциг) за казнување на своите фудбалери. Тркалото на среќата или несреќата е начин да се казнат фудбалерите кои го прекршуваат клупскиот правилник. Играчите имаат избор меѓу парична казна или едно вртење, па судбината сама да им ја одреди казната.

Играчот за врска на англискиот второлигаш Марко Стиперман одлучи да не плати и да си ја проба среќата на тркалото, а по добиената казна, подобро ќе беше да плати.

На Стиперман му се падна да го чисти автомобилот на тренерот Фарке, подразбирливо од внатре и надвор, и тоа детално.

- Оглас -

Најнови вести