Трогателна порака од навивачите на Кардиф посветена за Емилијано

Аргентинецот Емилијано Сала само пред неколку дена стана најскапото засилување за Кардиф откако за 17 милиони евра од Нант се пресели во Кардиф, но најверојатно никогаш нема да го облече дресот на тимот од Велс. Сала веќе два дена се води за исчезнат, откако авионот со кој летал кон Кардиф го снемало од радарот и најверојатно се срушил во Англискиот канал (Ла Манш).

Навивачите низ целиот свет се простуваат од Аргентинецот, а, секако, најшокирани се фановите на Нант. Симпатизерите на францускиот тим три и пол години се радуваа на головите на Сала, кој најверојатно неговиот последен пат го започна токму од Нант, но не стигна до Кардиф.

И фановите на Кардиф најавија дека достојно ќе се простат од играчот кој немаше шанса да заигра за нивниот омилен тим. Тие ќе направат 20 метри долг банер на кој ќе има порака за Сала. „Никогаш не те видовме како играш и никогаш нема да те видиме како даваш гол, но Емилијано, нашата прекрасна сина птица засекогаш ќе те сака“, треба да пишува на пораката на банерот посветена за Сала.

 

 

- Оглас -

Најнови вести