Тројка во последна секунда ја замолкна публиката во Портланд (Видео)

Денвер нагетс славеше во Портланд во 121-120 во најнеизвесниот од трите меча во НБА лигата кои се играа рано утрово.

Демиен Лилард погоди девет тројки, имаше 40 поени и 12 асистенции, но тоа не беше доволно за триумф на домашните, кои останаа шокирани откако во последна секунда при нивно водство од два поени разлика, примија тројка која ја реализираше Џамал Мареј кој заврши со 21 поен и беше втор стрелец кај Денвер зад Никола Јокиќ, кој уфрли 33 поени и му фалеше една асистнција за трипл-дабл.

Во другите две средби, Мајами беше подобар од ЛА Клиперс со 115-110, а Сан Антонио победи во тексашката пресметка против Хјустон со 118-109.

- Оглас -

Најнови вести