Тројките и украдените топки му донесоа нова радост на МЗТ

МЗТ Скопје Аеродром благодарение на добрата игра во третата четвртина, дојде до нова победа во втората АБА-лига, овојпат со 97:75 над босанскиот првак Зрињски од Мостар.

„Металците“ примија дури 31 поен во првата четвртина, но потоа заиграа поагресивно, поцврсто и во наредните 20 минути примија само 26 поени, па може да се каже дека одбраната во втората и третата четвртина беше клучна за победата. Со оваа победа, МЗТ останува на второто место во регионалното друштво.

Играчите на МЗТ имаа 16 украдени топки, го принудија Зрињски да загуби 21 топка и заедно со ефикасниот напад (15 тројки, од кои беа на плејот Магдевски) беа факторите со кои Аеродромци го надиграа противникот.

Бојиќ со 26, Магдевски со 17, Вудард со 14 и Иванов со 13 поени беа најефикасни кај МЗТ, додека кај Зрињски петмина беа двоцифрени, меѓу кои најдобар беше Шутало со 16 поени. Наредниот предизвик за МЗТ во АБА 2 е гостувањето кај Сплит на 24-ти јануари.

- Оглас -

Најнови вести