Тројца фудбалери на Спортинг се позитивни на Ковид-19, неизвесно е гостувањето на Елмас и Наполи во Лисабон

Спортинг Лисабон објави дека тројца фудбалери на клубот се позитивни на тестови за корона-вирус и тие веднаш се испратени во карантин.

Вообичаено идентитетот на играчите не се објавува, а се надеваме дека меѓу трилингот фудбалери не е нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Овој случај го доведува во прашање и гостувањето на Наполи, закажано за утре на „Жозе Алвеладе“.

Спортинг и Наполи, клуб за кој игра Елиф Елмас треба да играат пријателски меч, засега нема потврда дека мечот е одложен, но и неговото одржување е неизвесно, бидејќи е ризично за фудбалерите на двата клуба.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести