Тројца играчи во Премиер лигата со симптоми на Коронавирус – најверојатно ќе се прекине и Премиер лигата!

Англиската Премиер лига може да биде третото првенство од Топ 5 лигите кое ќе ги откаже наредните закажани мечеви. Италија и Шпанија веќе ги откажаа сите фудбалски случувања, а во Англија се очекува тоа да биде направено во следниот период.

Медиумите во Англија соопштуваат дека еден цел тим од Премиер лигата бил на тестирање за Коронавирусот, а тројца фудбалери покажале симптоми на опасната болест. Сите тројца се ставени во изолација, но тоа не значи дека останатите играчи се сигурни.

Утрово челниците на Премиер лигата донесоа одлука наредните мечеви да се играат пред празни трибини, но можно е таа одлука да биде преиначена и да се прекине и Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести