Тројца отпаднаа од списокот, Ангеловски ги повика Ибраими и Ашковски

Селекторот Игор Ангеловски принудно го промени составот на македонската репрезентација во пресрет на мартовскиот циклус во кој почнуваат квалификациите за Мундијалот во Катар.

Агим Ибраими, членот на Кукс, е повратникот во нашиот национален состав, а со него се приклучува и Стефан Ашковски од Ботошани, за квалификациските натпревари за СП против Романија, Лихтенштајн и Германија.

Иван Тричковски поради повреда отпаѓа за овој собир, а поради позитивни тестови нема да бидат во тимот ниту Ѓоко Зајков и Тихомир Костадинов.

Македонија кон крајот на овој месец ќе одигра три дуели во мундијалските квалификации. На 25 март гостуваме кај Романија, а три дена подоцна го пречекуваме Лихтенштајн во Скопје, за на 31 март да одиме на гости кај големата Германија.

- Оглас -

Најнови вести