Трстена преку Ибрагимов го поканил Хабиб да дојде во Македонија

Шампионот на УФЦ во лесна категорија, рускиот борец Хабиб Нурмагомедов, во знак на почит и благодарност за она што го направил за борењето на најмладиот олимписки шампион во историјата, македонскиот ас Шабан Трстена, му испрати капа која е национално обележје на Дагестанците, со негов потпис.

Вредниот подарок на Трстена му го предаде освојувачот на бронзениот медал за Македонија на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, Могамед Ибрагимов. Тоа е единствениот олимписки медал за нашата земја од осамостојувањето.

Популарниот Моги на Шабан му ги пренел зборовите на Хабиб дека знае за олимпискиот шампион Трстена и дека многу го почитува. Трстена преку Ибрагимов го поканил Хабиб да дојде во Македонија бидејќи има голем број фанови.

- Оглас -

Најнови вести