Цел стадион го поздрави потегот на навивачите на Јувентус во градското дерби (Видео)

Јувентус и Торино синоќа одиграа нерешено 1:1 во првиот меч од 35. коло во италијанската Серија А. Торино имаше предност на полувреме, но Кристијано Роналдо не дозволи Старата дама да загуби на свој терен.

Покрај двата гола, потегот на мечот го имаа фановите на Јувентус. Тие покажаа дека тоа што се ривали со Торино, не значи и дека се непријатели. Фановите на Јувентус не ја заборавија големата авионска несреќа која му се случи на Торино во 1949 година. Тогаш, фудбалерите на Торино се враќаа кон дома, кога авионот се урна на едно брдо во близина на градот. Ниту еден играч не ја преживеа трагедијата, која се случи токму на 4 мај.

Фановите на Јувентус решија да дадат почит на оваа трагедија, па извадија еден транспарент посветен токму на тој немил настан. Гестот на домашните симпатизери го поздравија гледачите на цел стадион.

Торино со освоенито бод се испачи на петото место на табелата со 57 бодови, но е далеку од Интер кој трет со 62 бодови, а Аталанта е на четвртото место со 58 бодови. Двата тима имаат меч помалку од Торино. Интер вечерва гостува кај Удинезе.

 

- Оглас -

Најнови вести