Цел свет му се смее на хрватскиот кошаркар (видео)

Хрватска се соочи со големо разочарување по поразот од Полска (77:69). Неуспехот да обезбедат пласман на следниот Мундобаскет, „коцкесите“ ќе ги гони уште долго време, а колку беа очaјни во поразот пред домашна публика покажува следниот видео прилог.

Во контра-напад Јунаковиќ имаше прилика да реализира лесни поени, но беше блокиран а Филип Крушлин ја собра топката и имаше време и простор да се намести и да погоди зицер, но топката во два наврати не го посака, па Полјаците казнија на другата страна.

Промашувањата на хрватскиот репрезентативец го остави во неверување и коментаторот.

Останати резултати квалификации за СП 2019 – Европа:

Турција – Словенија 77:58

Украина – Црна Гора 74:76

Летонија – Шпанија 62:67

Холандија – Литванија 69:78

Италија – Унгарија 75:41

- Оглас -

Најнови вести