Цел Велс ќе почне да навива за Евертон?

Евертон планира летово да ги ангажира двете најголеми ѕвезди на велшкиот фудбал Герет Бејл и Арон Ремзи. Карамелите од „Гудисон парк“ сметаат дека на овие двајца фудбалери местото им е во Премиер лигата и ќе се обидат да ги вратат во Англија, со тоа што попривлечно место би им бил Евертон ако и двајцата заиграат заедно.

Ремзи летоска од Арсенал премина во Јувентус, но не се снајде најдобро, а Бејл пред да замине во Реал Мадрид, со кого освои доста трофеи, но во последно време игра малку, настапуваше за Тотенхем. Тренерот Карло Анчелоти сметал дека на тимот му фалат врвни фудбалери за да успее да направи нешто повеќе, па сопственикот на клубот сака да му ја исполни желбата.

- Оглас -

Најнови вести