Цела НБА лига во акција по потегот на Кевин Лав

Доволно беше еден спортист во САД да се зарази од коронавирусот за да се прекинат сите првенства преку Барата. Поради несовесното однесување на Руди Гобер, кошаркарот на Јута џез, НБА лигата,  МЛС лигата, како и хокеарската лига привремено се прекинати, додека бејзбол МЛБ лигата го помести почетокот на сезоната.

Во време на пандемијата со коронавирусот, ѕвездата на Кливленд кавалирс Кевин Лав, покажа дека има големо срце и донираше 100.000 долари за да им помогне на работниците кои се грижат за „Рокет Мортгејџ Филдхаус арената“. По неговиот хуман потег,  истото го стори и Јанис Адетокумбо.

Најкорисниот играч во лигата за минатата сезона исто така издвои 100.000 долари од своите примања за да го покрие трошокот со плати на персоналот на Милвоки бакс. Младата ѕвезда на Њу Орлеанс пеликанс Зајон Вилијамсон, на својот „Инстаграм“ профил објави дека ќе им ги плаќа заработките на работниците во Пеликанс во следните 30 дена.

Потегот на вицешампионот Голден стејт вориорс исто така е пример следење, откако управата и кошаркарите одлучија да донираат еден милион долари како помош на своите работници.

- Оглас -

Најнови вести