Цели 20 години беше најголем фудбалски трагичар во земјата, а сега е херој

Фудбалската репрезентација на Селенал за првпат во историјата стигна до континенталната титула наменета за најдобрата селекција во Африка. По голема драма, Сенегал на пенали го победи Египет со 4:2.

За Сенегал ова беше трето финале и прво злато. Еден од оние кои најмногу се радуваа е селекторот Алиу Сисе. Тоа е човекот кој точно пред 20 години беше најголемиот фудбалски трагичар во земјата.

Во 2002 година, Сенегал во финалето загуби на пенали од Камерун, а токму Сисе со капитенската лента на својата рака го промаши последниот пенал и неговата селекција загуби. Цели две децении Сисе сонуваше да се поправи и тоа му успеа синоќа.

Од позицијата на селектор, Сисе го предводеше Сенегал до историската титула и конечно го избриша приматот најголем фудбалски губитник во земјата. Сега тој е еден од главните херои на Сенегал.

Тоа е магијата на фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести