Целото семејство на Дибала во болница

Пауло Дибала вчера потврди дека е позитивен на Коронавирусот, исто заразена е и неговата девојка Оријана. Тој е трет играч на Јувентус заразен со вирусот Ковид-19, останатите двајца се Даниеле Ругани и Блес Матуиди.

Со оглед на тоа дека присуството на вирусот се потврди кај Пауло, неговото семејство ќе мора да оди во болница да се тестира. Неговата мајка и сестра биле во посета во Торино и престојувале кај ѕвездата на Јуве до 12 март, пред да се вратат во Аргентина, па затоа голема е веројатноста и тие да се заразени.

Аргентинските медиуми јавуваат дека загрижувачки е фактот што мајката и сестрата на Дибала константно излегувале од дома по враќањето и не се придржувале до препораките да останат во самоизолација најмалку 14 дена, па ќе настане хаос доколку тестовите бидат позитивни.

- Оглас -

Најнови вести