Целта е поставена, Реал се подготвува за летна трансфер „бомба“

Реал Мадрид уште сега ја постави најголемата трансфер цел за следното лето, за што ќе треба да се издвои голем дел од буџетот наменет за засилувања.

Станува збор за првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, во кого Кралевите гледаат иден „галактико“. Египетскиот офанзивец во дресот на Црвените прерасна во една од најголемите фудбалски ѕвезди, неговиот учинок само го потврдува квалитетот со кој Салах го натера шпанскиот првак да тргне по неговиот потпис.

Од 2017 година Салах запиша 175 настапи за англискиот првак во кои реализира 110 погодоци и 45 асистенции, при тоа ги освои титулите во Лигата на шампионите, Премиер лигата, европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.

Засега не се споменува сума со која Реал ќе ги почне преговорите околу услугите на Салах, но нема сомнежи дека понудата ќе оди над 100 милиони евра, а можеби и многу повеќе.

- Оглас -

Најнови вести