Цената е 250 и 300 денари, приходот е за СОС детско село – Билетите за ракометниот спектакл Македонија против Македонија се пуштени во продажба (Фото)

Билетите за ракометниот спектакл на 3 јануари на кој ќе играат актуелните против поранешните македонски репрезентативци се пуштени во продажба и чинат по 250 и 300 денари.

Приходот ќе биде наменет за СОС детско село, што значи дека со ваше присуство помагате во хуманата акција на ракометарите.

Веќе од денеска можат да се купуваат билетите преку продажната мрежа на „Мк Тикетс“.

Од Ракометната федерација најавуваат спектакл со учество на естрадни ѕвезди од калибарот на Драган Спасов Дац и Александар Митевски, Кики Мукаетова, Некс Тајм, Меморија…

Мечот ќе се игра во салата „Борис Трајковски“ на 3 јануари од 19 часот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести