Центар победи во натпреварот за вештина, познат и новиот најдобар тројкаш на Ол-старот (Видео)

Бам Адебајо е центарот на Мајами кој успеа да победи во натпреварот за вештини на Ол-стар викендот во Чикаго. Иако се работи за 206 сантиметри висок играч кој најчесто е под обрачите, Адебајо покажа дека има одлични вештини. Тој успеа да победи во сите три предизвици и на крајот заслужено стигна до тронот во оваа категорија.

Во финалето, Адебајо успеа да го победи Домантас Сабонис, кој исто така игра на центарската позиција во Индијана.Сабонис е син на прославениот литвански кошаркар Арвидас Сабонис.

https://youtu.be/EeqAgekX1DY

Во натпреварот за шутирање тројки, најградата замина кај играчот на Сакраменто Бади Хелд. Во финалето, Хелд постигна 27 поени од можните 40 и за еден поен беше подобар од Девин Букер од Феникс санс.

На крајот од втората вечер на Ол-старот се одржа и натпреварот во забивање, каде имаше неверојатни потези кои може да ги погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести